Таратур Форуми
Почетна | За нас | Контактирајте не
 
Quick Member Login:
Forgot password?
Forum Statistics:
Forum Members:
Total Threads:
Total Posts:


There are users
currently browsing forums.
You don't appear to be registered. Click here to register
Search the forums:

Таратур Форуми » Науки и изучувања » Историја » Омилени историски личности од македонската историја

Одговор
 
Алатки за тема
Старо 20-06-2006, 12:20 PM   #1
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

Мене освен овој за кој отворив цел топик ми се и некои од подалечното минато...како Карпош, Мара султанијата, Гоце Делчев, ....
(ќе ми текнат и други, па ќе си допишувам)
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 22-06-2006, 08:34 AM   #2
Lavot
Senior Member
 
 
Зачленет: Thu May 2006
Мислења: 4,602
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

ауууууу, многу ги има... ај утре че напишам извештај
__________________
Таратур
Lavot е офлајн   Одговор со цитат
Старо 22-06-2006, 08:36 AM   #3
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

ај ќе почекам до утре...
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 24-06-2006, 03:33 PM   #4
Lavot
Senior Member
 
 
Зачленет: Thu May 2006
Мислења: 4,602
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

еве конечно...
1. Антика:
Александар III Македонски - најголемиот освојувач, единствениот војсководец кој не загубил ни една битка
Филип II Македонски - го обезбедил сето она што му требало на син му да го постигни она што го постигна
Ги победи Илирите, Тракијците, ги порази Хелените, стана нивни автократор и тн.
Антипатар - војсководец што ги надживеал и таткото и синот... го претставувал тврдото македонско крило и владеел со Македонија додека Александар бил во поход, а и по неговата смрт....
Тој е зачетник на династијата Антипатриди што владееле со Македонија

2. Среден век:
Никој посебно.... ептен си се тепале сите меѓусебно само за превласт (семејна).... нема јунак (освен Самуил, Марко и тн) кој заслужил да биде издвоен....

3. Турско:
Даме Груев: Секретар на ТМОРО, еден од основачите, едно време и неофицијално главен на ЦК.
На Рилскиот конгрес е избран за претседател на ЦК. Загинат е во борба со Турците во 1906 кај село Русиново
Гоце Делчев: Претставник на задграничното претставништво на ТМОРО во Софија, со огромно влијание меѓу комитите и селските маси.
Борис Сарафов: Поставен за претседател на Врховниот комитет од страна на Гоце Делчев и Ѓорче Петров, во негово време ТМОРО добивала најмногу пари токму од ВК.
Негови „деца“ биле Солунските атентатори - буквално тој ги организирал и финансирал...
За Мисирков претставува најголемиот македонски јунак.... го викале Принцот!
Во сегашната македонска историја слабо се учи и најчесто му се препишуваат пробугарски карактеристики иако е еден од тројцата организатори на Илинденското востание и е единствениот признат водач од европските сили.
Во неговите спомени јасно е нагласена неговата македонска свест!
Убиен во 1907 година од раката на Тодор Паница, по налог на Јане Сандански со кого биле во многу заострени односи
4.Партизанско:
Методија АНдонов Ченто- Првиот претседател на АСНОМ , а со тоа и на МАкедонија!
Поради неговите патриотски и промакедонски идеи и размисли осуден од Тито и Колишевски во затворот Идризово... набрзо по одлежувањето на казната почина во 1957 година....
Неговиот лик и дело беа ревитализирани во почетокот на 90те.
Кузман Јосифоски Питу - Млада интелигенција.... Организатор на ослободителното дело во Втората светска војна!
Убиен под неразјаснати околности во 1944г. Се претпоставува дека Темпо го наредил убиството. Нарекуван е вториот Гоце Делчев
__________________
Таратур
Lavot е офлајн   Одговор со цитат
Старо 26-06-2006, 09:35 AM   #5
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

Те потпишувам, а се мислам за среден век кој би можел да биде...
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-05-2007, 05:23 PM   #6
узо
Administrator
 
 
Зачленет: Tue May 2007
Мислења: 46,940
Зададено Одг: Омилени историски личности од македонската историја

бабата која го предала гоце делчев за алтан
__________________
сакам да сум она што бев , кога сакав да бидам она што сум
узо е офлајн   Одговор со цитат
Старо 31-05-2007, 03:49 AM   #7
Lavot
Senior Member
 
 
Зачленет: Thu May 2006
Мислења: 4,602
Зададено Одг: Омилени историски личности од македонската историја

се си мислам оти нема таква баба....
__________________
Таратур
Lavot е офлајн   Одговор со цитат
Старо 01-06-2007, 01:42 AM   #8
узо
Administrator
 
 
Зачленет: Tue May 2007
Мислења: 46,940
Зададено Одг: Омилени историски личности од македонската историја

кај нас у мало извадивме и дека го предала оти и ја гузел внуката, оти зето бил на печалба и срам ја изел бабата
__________________
сакам да сум она што бев , кога сакав да бидам она што сум
узо е офлајн   Одговор со цитат
Старо 25-07-2007, 02:21 AM   #9
Lavot
Senior Member
 
 
Зачленет: Thu May 2006
Мислења: 4,602
Зададено Омилени историски личности од македонската историја


На денешен ден Македонија одбележува 50-годишнина од смртта на еден од најголемите херои, маркантната личност која го симболизира вистинскиот македонски непокор – Методија Андонов Ченто.

Предаден и осуден од видни Македонци, тогашни највисоки функционери, по наредба на југословенскиот комунистички врв во монтиран процес осудeн е на 11 години затвор.

Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб.

По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики.

Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а пред суд е изведен на 19 ноември.

Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември првиот македонски претседател Ченто е осуден на 11 години затвор. Во затворот тој во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

Помилуван е на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.

Извор: Википедија


Хероите како Ченто се раѓаат еднаш на стотици години. Обичниот човек би потклекнал пред властите, би потпишал се` и сешто само да се спаси, тој а и неговата фамилија. Ченто не бил обичен човек. Не бил ни обичен Македонец. Ченто е симбол кон кој треба да се стреми секој вистински Македонец.

Денес по 17 години откако е тргнат превезот над најголемиот македонски херој во современата наша историја, можеме без страв од никакви репресалии слободно да кажеме: Нека ти е вечно името, Претседателе!
__________________
Таратур
Lavot е офлајн   Одговор со цитат
Старо 25-07-2007, 09:49 AM   #10
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

Slava mu
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 25-07-2007, 01:59 PM   #11
Kire
Moderator
 
Зачленет: Sat Jun 2006
Мислења: 1,574
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

слава му.
============
Мене омилена личност од историјата....со оглед дека историјата ја сакав само до 7 одделение, бидејќи наставничката знаеше да ги заинтересира учениците, а сега почнав да ја мразам еве сега 3 година ќе бидам и одвај до лани ја туркав историјата поради „квалитетниот кадар“. - пак заминав од темата.
=
Омилени личности ми е Алексадар III Македонски и неговиот татко Филип II Македонски, потоа може да се спомнат Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Парапунов, Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски - Питу....
__________________
http://kirildimeski.wordpress.com<br /><br />software is like sex, it's better when it's free
Kire е офлајн   Одговор со цитат
Старо 10-08-2007, 08:21 PM   #12
is no good
Member
 
Зачленет: Fri Aug 2007
Мислења: 45
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

Цитат:
Напишано од Lavot
еве конечно...
1. Антика:
Александар III Македонски - најголемиот освојувач, единствениот војсководец кој не загубил ни една битка
Ne go negiram negovoto delo no so negovoto doaganje na vlast pocnuva Helenizacijata koja doveduva do denesnite problemi
Цитат:
Напишано од Lavot

Борис Сарафов: Поставен за претседател на Врховниот комитет од страна на Гоце Делчев и Ѓорче Петров, во негово време ТМОРО добивала најмногу пари токму од ВК.
Ne tresi gluposti kakov Sarafov toj e najgolemiot predavnik na Makedonskiot narod i najmnogu rabotel za Bugarite..
VMK-vnatresen Makedonski Komitet od kade poteknuvaat site Bugari..formiran vo Sofija
Znaes za dobroto delo na Sarafov nareceno Melnicko Vostanie?


http://www.youtube.com/watch?v=mrNjVQ11ipc
eve gi moite heroi
is no good е офлајн   Одговор со цитат
Старо 10-08-2007, 08:45 PM   #13
Lavot
Senior Member
 
 
Зачленет: Thu May 2006
Мислења: 4,602
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

Цитат:
Напишано од is no good
Ne tresi gluposti kakov Sarafov toj e najgolemiot predavnik na Makedonskiot narod i najmnogu rabotel za Bugarite..
VMK-vnatresen Makedonski Komitet od kade poteknuvaat site Bugari..formiran vo Sofija
Znaes za dobroto delo na Sarafov nareceno Melnicko Vostanie?
Го прочита ова?

Поставен за претседател на Врховниот комитет од страна на Гоце Делчев и Ѓорче Петров, во негово време ТМОРО добивала најмногу пари токму од ВК.
Негови „деца“ биле Солунските атентатори - буквално тој ги организирал и финансирал...
За Мисирков претставува најголемиот македонски јунак.... го викале Принцот!
Во сегашната македонска историја слабо се учи и најчесто му се препишуваат пробугарски карактеристики иако е еден од тројцата организатори на Илинденското востание и е единствениот признат водач од европските сили.
Во неговите спомени јасно е нагласена неговата македонска свест!
Убиен во 1907 година од раката на Тодор Паница, по налог на Јане Сандански со кого биле во многу заострени односи.

И да те прашам што имаш прочитано за Сарафов? Или доволен ти е ставот од Катарџиев...
__________________
Таратур
Lavot е офлајн   Одговор со цитат
Старо 11-08-2007, 03:22 AM   #14
is no good
Member
 
Зачленет: Fri Aug 2007
Мислења: 45
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

Ova podole e moe licno moe napisano za Boris Sarafov..Znaci ne kopirano!Sega da te prasam ako ne bil vrhovist zasto bilo naredeno od strana na Jane da bide ubien i zasto toa go izvrsil Todor Panica koj bil poznat kako ubiec na vrhovisti?Zasto bil postaven od Vrhovistite kako upravnik na 60clena ceta?
Веднаш по формирањето Македонсиот комитет почнал да испраќа чети во Македонија ..Оваа активност била подржана од бугарската влада и дворот..Во Македонија биле уфрлени 600четници, распоредени во 4чети и неколку помали одреди.Во секој одред се наоѓале офицери на бугарската армија и стари арамиски војводи кои го познавале теренот..Привте два одреда се распаднеле веднаш по влегувањето на османска територија. Третиот одред го запалил машкото село Деспот, но неговите арамиски војводи се дале на пљачка и одредот се распаднал. Најголем успех постигнал четвртиот одред кој броел 65 луѓе, а бил под команда на Борис Сарафов. Овој одред влегол во градот Мелник, притоа ја запалиле зградата на уќуматот, поштата и неколку турски куќи. Потоа се повлекол во Бугарија. Оваа акција била наречена Мелничко востание. Жртва на ова востание станало невиното население од пиринска Македонија, кое било изложено на жестоки репресии од страна на власта. Бугарија откако увидела дека посакуваниот ефект е постигнат ја прекинала подршката на уфрлените чети.

Позначајна помош Мро добила од ВМК кога нејзин претседател бил Борис Сарафов. Но набрзо дошло до заладување на односите, поради амбициите на Сарафов да го превземе раководството на Мро.[/color]
is no good е офлајн   Одговор со цитат
Старо 11-08-2007, 04:03 AM   #15
Lilith
Administrator
 
 
Зачленет: Mon Sep 2006
Локација: Constelation of Pegasus
Мислења: 19,056
Зададено Омилени историски личности од македонската историја


Offtopic:

Jac сум за Lavot,макар што врска немам за што зборите,знам само дека е нешто скроз HE битно али онака од принцип.
__________________
>> I've grown certain that the root of all fear is that we've been forced to deny who we are. <<

Frances Moore Lappé


Lilith е офлајн   Одговор со цитат
Старо 11-08-2007, 12:35 PM   #16
Flamb
Member
 
Зачленет: Tue Dec 2006
Мислења: 61
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

Итар Пејо
__________________
[url=&quot;http://zeltronia.4444yahoo.com.blog.com.mk/&quot;]Flamb
Flamb е офлајн   Одговор со цитат
Старо 11-08-2007, 02:40 PM   #17
Lavot
Senior Member
 
 
Зачленет: Thu May 2006
Мислења: 4,602
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

Цитат:
Напишано од is no good
Ova podole e moe licno moe napisano za Boris Sarafov..Znaci ne kopirano!Sega da te prasam ako ne bil vrhovist zasto bilo naredeno od strana na Jane da bide ubien i zasto toa go izvrsil Todor Panica koj bil poznat kako ubiec na vrhovisti?Zasto bil postaven od Vrhovistite kako upravnik na 60clena ceta?
Веднаш по формирањето Македонсиот комитет почнал да испраќа чети во Македонија ..Оваа активност била подржана од бугарската влада и дворот..Во Македонија биле уфрлени 600четници, распоредени во 4чети и неколку помали одреди.Во секој одред се наоѓале офицери на бугарската армија и стари арамиски војводи кои го познавале теренот..Привте два одреда се распаднеле веднаш по влегувањето на османска територија. Третиот одред го запалил машкото село Деспот, но неговите арамиски војводи се дале на пљачка и одредот се распаднал. Најголем успех постигнал четвртиот одред кој броел 65 луѓе, а бил под команда на Борис Сарафов. Овој одред влегол во градот Мелник, притоа ја запалиле зградата на уќуматот, поштата и неколку турски куќи. Потоа се повлекол во Бугарија. Оваа акција била наречена Мелничко востание. Жртва на ова востание станало невиното население од пиринска Македонија, кое било изложено на жестоки репресии од страна на власта. Бугарија откако увидела дека посакуваниот ефект е постигнат ја прекинала подршката на уфрлените чети.

Позначајна помош Мро добила од ВМК кога нејзин претседател бил Борис Сарафов. Но набрзо дошло до заладување на односите, поради амбициите на Сарафов да го превземе раководството на Мро.[/color]

Ова ти е горе-долу препишано од Катарџиев или некој друг негов ученик. Сарафов и Јане Сандански имаат жестока расправија на Рилскиот конгрес, каде што Сандански јавно му изрекува смртна пресуда, односно му се заканува со смрт. Тоа е 1905г.

Можеш и од овде нешто да прочиташ.

Инаку Тодор Паница, убиецот на Сандански е Бугарин по националност.


На местото претседател на ВК иди по налог на Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Тогаш ВМК е под капата на ВМРО. Долга и широка е приказнава за Сарафов, а да не должиме многу би ти препорачал да ги прочиташ Спомените...
__________________
Таратур
Lavot е офлајн   Одговор со цитат
Старо 11-08-2007, 04:34 PM   #18
Kire
Moderator
 
Зачленет: Sat Jun 2006
Мислења: 1,574
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

Is no Good, би те препорачал да читаш повеќе за историјата.
А дефинитивно со Лавот неможеш да се спротиставуваш баш за историја, нели Лаве?

__________________
http://kirildimeski.wordpress.com<br /><br />software is like sex, it's better when it's free
Kire е офлајн   Одговор со цитат
Старо 11-08-2007, 08:56 PM   #19
Lavot
Senior Member
 
 
Зачленет: Thu May 2006
Мислења: 4,602
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

Цитат:
Напишано од Kire
А дефинитивно со Лавот неможеш да се спротиставуваш баш за историја, нели Лаве?
Нема врска, секој е добредојден за дискусија, нели, тука сме да разговараме...
__________________
Таратур
Lavot е офлајн   Одговор со цитат
Старо 11-08-2007, 11:56 PM   #20
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Омилени историски личности од македонската историја

i jas kako i Lilit sum od kaj Lavot
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Одговор

Алатки за тема

Правила на пишување
Ти не можеш да отвораш нови теми
Ти не можеш да одговараш на постови
Ти не можеш да постираш додатоци
Ти не можеш да ги едитираш твоите постови

BB кодот е вклучен/и
Смешковците се вклучен/и
[IMG] кодот е вклучен/и
HTML кодот е исклучен/и

Скокни до форум


Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 12:34 PM.
Copyright ©2006 - 2014, Taratur.com