Таратур Форуми
Почетна | За нас | Контактирајте не
 
Quick Member Login:
Forgot password?
Forum Statistics:
Forum Members:
Total Threads:
Total Posts:


There are users
currently browsing forums.
You don't appear to be registered. Click here to register
Search the forums:
Старо 13-08-2008, 09:15 AM   #41
Astra
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Feb 2008
Мислења: 16,182
Зададено Египет и пирамидите

Цитат:
Напишано од gravedigger stojkovski
Пирамидите ги користеле како гробници за фараоните и за ништо друго посебно.
па има и други мислења. А во Кеопсовата пирамида закоја некои тврдат дека не ја ни изградил Кеопс, тела никогаш не се ни најдени.
__________________
Once upon a time.....
Astra е офлајн   Одговор со цитат
Старо 13-08-2008, 09:24 AM   #42
Dylan Dog
Moderator
 
 
Зачленет: Mon Jul 2008
Мислења: 14,020
Зададено Египет и пирамидите

И јас мислам дека се само гробници, а телата од кеопсовата можеби се отстранети од порано, па и не мора во само во последниве два три века да се открие се, нели ?
__________________
Секој човек е свој крал !
Dylan Dog е офлајн   Одговор со цитат
Старо 13-08-2008, 09:29 AM   #43
Astra
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Feb 2008
Мислења: 16,182
Зададено Египет и пирамидите

можно е
__________________
Once upon a time.....
Astra е офлајн   Одговор со цитат
Старо 13-08-2008, 02:04 PM   #44
узо
Administrator
 
 
Зачленет: Tue May 2007
Мислења: 46,940
Зададено Египет и пирамидите

интересни грдби кои за тоа време итие орудија се навистина чудо
__________________
сакам да сум она што бев , кога сакав да бидам она што сум
узо е офлајн   Одговор со цитат
Старо 13-08-2008, 02:05 PM   #45
узо
Administrator
 
 
Зачленет: Tue May 2007
Мислења: 46,940
Зададено Египет и пирамидите

а за енергијата па незнам јас и влегов во пирамидата
__________________
сакам да сум она што бев , кога сакав да бидам она што сум
узо е офлајн   Одговор со цитат
Старо 13-08-2008, 05:19 PM   #46
molnja
Senior Member
 
Зачленет: Sat May 2008
Мислења: 855
Зададено Египет и пирамидите

Богами стварно посебно нешто се пирамидите,тоа е едно велелепно здание што кога го гледаш пред тебе просто тонеш и се покоруваш пред него.
Така јас го доживев тоа,а точно е и за енергијата,има нешто има.
__________________
moeto sonce David dojde na svet
molnja е офлајн   Одговор со цитат
Старо 28-09-2008, 03:34 PM   #47
Рокси
Senior Member
 
 
Зачленет: Tue Jul 2008
Мислења: 7,093
Зададено Египет и пирамидите

Наставникон по историја ни кажа дека ко ќе умрел фараонот ги погребале и жена му, слугите, децата (освен најстариот син и ќерка)... зато во пирамидите стално наоѓале 50-тина скелети и појке
__________________
So anytime somebody needs you,
Don't let them down although it grieves you,
Someday you'll need someone like they do,
Looking for what you knew.
Рокси е офлајн   Одговор со цитат
Старо 28-09-2008, 05:26 PM   #48
узо
Administrator
 
 
Зачленет: Tue May 2007
Мислења: 46,940
Зададено Египет и пирамидите

без жената , да наоѓале скелети но од свештеници и слуги
__________________
сакам да сум она што бев , кога сакав да бидам она што сум
узо е офлајн   Одговор со цитат
Старо 10-12-2008, 01:01 AM   #49
sandra12123
Junior Member
 
Зачленет: Wed Dec 2008
Мислења: 3
Зададено Ајде малку за народот кој ги градел пирамидите

Цитат:
Напишано од Menderez
Ајде малку за народот кој ги градел пирамидите - знам и за теориите дека се изградени од страна на вонземјани!!!

Многу пати во животот ме интересирало како живеел народот во времето на фараоните и во времето на изградбата на пирамидите - можеби најпознатите зданија во светот. Во сите документарци за Египет, никаде не сретнував ништо за обичниот човек, туку само за фараоните, пирамидите, свештениците и митологијата.

И така еднаш на еден канал (незнам кој беше) гледам уште еден документарен филм за Египет, и како секогаш продолжив да го гледам до крај. Бев многу пријатно изненаден поради тоа што во овој докуметарен филм главна улога играше еден франуцз кој што вршел истражувања - погодете на која тема - за народот на Египет, неговата религија, начинот на животот, домовите и т.н.

Она што ме фасцинираше како факт беше тоа што во секој дом беа пронајдени статуетки - фараон во мало. Испадна на крајот дека фараонот навистина бил сметан за жив бог, син на сонцето и секако бил обожуван.

Значи, народот ги градел пирамидите со задоволство за својот бог на земјата, за да има раскошен задгробен живот, а не ги градел пирамидите камшикуван и измачуван како што се тврди во повеќе наврати.

Е сега, не сум сигурен дали тоа е еден случај за малтретирање кој што го изменил Египет за секогаш, или пак Египет се сменил по придоден пат - за ова допрва.
jas bi sakala da vi kazam deka letoska koga bevme vo egiped vodicot ni kaza deka nie sme ucele pogresno deka robovi gradele piramidi,hramovi i grobnici...toa bile obicni luge koi za taa rabota bile dosta plateni a pokraj toa i po smrtta bile zakopuvani vo blizina na mestoto kade sto rabotele...bilo da e piramidite i sl..
sandra12123 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 10-12-2008, 01:13 AM   #50
sandra12123
Junior Member
 
Зачленет: Wed Dec 2008
Мислења: 3
Зададено Египет и пирамидите

nekade na forumov procitav,,са рагаш под пирамида,работиш на неа,умираш под неа и послен кој знае каде ти го фрлаат телото.Дали ти би го сакал Фараонот послен такво нешто?e sea jas bi sakala da vi kazam nesto...Pred dve godini bev vo egiped,i imav moznost 15 dena da slusam za nivnata istorija(znam deka vo odnos na toa sto taa e OGROMNA)ovie denovi ne znacat mnogu,megutoa edno e jasno...Lugeto sto gi gradele piramidite kako i grobnicite vo dolinata na kralevite i hramot karnat kako i hramot na kralicata hatcipsu bile obicni gragani,nikako ROBOVI.Za rabotata sto ja izvrsuvale bile dosta plakani, i pri toa bile zakopuvani vo blizina na mestoto kaj sto rabotele.Dokaz za toa e toa sto i do den denes se vidlivi nivnite grobnici(na primer vo dolinata na kralevite kolku sto ima grobnicni od site ramzes kralevi sto bile 5 pati poveke okolu niv ima grobnici na rabotnicite.)
sandra12123 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 10-12-2008, 01:20 AM   #51
sandra12123
Junior Member
 
Зачленет: Wed Dec 2008
Мислења: 3
Зададено Египет и пирамидите

sakam uste nesto da kazam vo vrska so piramidive.Imav prilika da slusa mpredavnje od eden profesor vo Makedonija koj se bavi so spiritualna joga,i spored presmetkite so se praveni za toa kolku generacii gradele,kako,zosto i slicno...ispadna nekade deka edna generacija odnosno lugeto vo taa edna generacija ziveele po poveke od 200 godini.E sea ova e tesko prasanje i bara otkrivanje na mnogu nesta od minatoto na razvitokot na covekot kako i od istorijata na egiped megutoa piramidite se fenomen za koj nekoj/nekoi smetaat deka uste ne e vreme da se otkrie so i kako bilo.
sandra12123 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 15-12-2008, 11:28 AM   #52
cernodrimski
Senior Member
 
Зачленет: Wed Oct 2007
Мислења: 279
Зададено Египет и пирамидите

па 123 теоријата што ја кажуваш дека луѓето тогаш живееле 200 години некако не држи вода од проста причина што ако живееле двеста години тогаш мора некаде да постои податок како тие успевале тоа да го прават,а таков податок нема никаде,вторно ако да речиме одредена класа на луѓе имале такви знаење како да се живее двеста години,тогаш биди сигурна дека тоа знаење било на привилегирана класа,класа на свештенството,додека обочните граѓани и тогаш биле само слепи и покорни верници и ништо друго.додека за самата изградба,започни да ја употребуваш здравата логика колку луѓе се потребни за таа изградба,па колку време,па колку храна им треба,па колку населби треба за тие луѓе за да живеат додека се гради .и некако бргу ќе го добиеш одговорот.
cernodrimski е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-01-2009, 03:52 PM   #53
исидора
Junior Member
 
Зачленет: Fri Jan 2009
Мислења: 1
Зададено Египет и пирамидите

pa vaka za piramidite mislam deka e to4na tezata deka se nastanati od faraonite toa spored nekoi e taka a spored nekoi ne.Za nesto da se potvrdi treba da se ima cvrst dokaz.Spored mene toa e taka vo edna emisija bas gledav sliki od faraonite koi se naogaat vo piramidite i mislam deka spored tie sliki e prikazano toa sto bilo porano
исидора е офлајн   Одговор со цитат
Старо 11-06-2009, 11:39 PM   #54
Tulepa
Junior Member
 
 
Зачленет: Sat May 2009
Мислења: 26
Зададено Одг: Египет и пирамидите

Големата пирамида во Гиза во Египет била изградена за да биде вечен спомен на кралот Куфу, попознат под своето грчко име Кеопс – еден од најмоќните владетели на древните светови. Крај брегот на Нил стојат околу 40 пирамиди, но ниедна од нив не може да се спореди со Големата пирамида. Висока е 147 метри и зафаќа површина од преку 5 хектари – простор доволен во него заедно да се сместат Вестминстерската опатија, катедралата Свети Павле и големите катедрали во Милано и Фиренца.
Прецизно исечените камени блокови – што ги има околу 2.300.000, а секој е тежок од 2 до 15 тони – би биле доволни за да се изградат сите катедрали, цркви и капели подигнати во Англија од почетокот на христијанството. Наполеоновите геометри пресметале дека од тие камења би можел да се направи ѕид висок 3 метри и широк 1 метар, со кој би се опашала цела Франција.

Основата на пирамидата претставува совршен квадрат, при што нејзините четири страни прецизно се поклопуваат со четирите страни на светот на компасот. Аглите на основата се речиси идеално прави

Дури и денес е тешко да се сфати нејзината големина ако не се застане во сенката што ја создава. Пред 5.000 години била уште повеличествена, кога била обложена со блештукав бел карстен камен – кој одамна е симнат и употребен како градежен материјал на друго место – и покриена со завршен камен, висок 10 метри, од чисто злато.
Дали големата пирамида е само чудо на градежната вештина или има и некое подлабоко, мистично знаење?

Се поголем број откритија од древното минато претставуваат несоборливи докази дека старите цивилизации често достигале зачудувачко ниво на научните знаења. Некои од нив, изгледа, поседувале знаења што нам ни недостигаат и денес. На пример, како старите Египќани, кои сеуште го немале откриено тркалото, ја подигнале Големата пирамида само со помош на лостови и валјаци? Како можеле да ги изделкаат огромните гранитни блокови со толку восхитувачка прецизност? Како успеале да постигнат толкава тврдост на своите бронзени алатки што ни до денес не можат да се копираат? Од каде им биле оптимизмот и решителноста да пристапат кон реализација на проект чија грандиозност и денес би ги обесхрабрила и најхрабрите архитекти и инженери?

Големата пирамида стои на каменито плато, десетина милји западно од Каиро. Се верува дека совршено рамната подлога била постигната со подигање на ѕид од кал околу платото. Додека водата постепено се повлекувала, се појавувале тумби што биле отсечувани додека не се израмнеле со околниот терен. На таквата подлога, што била нивелирана подобро од оние што биле под облакодерите од 20-иот век, бригади работници ги туркале огромните блокови од блиските каменоломи. Блештукавите карстни карпи требало да се довлекуваат од уште поголема далечина, од каменоломите што биле далеку од бреговите на Нил. Камењата биле влечени со санки. Кога ќе го положеле на определеното место, екипи каменоделци почнувале да ги обработуваат до совршенство.
За случај кралот Куфу да умре пред да бидат завршени работите, била ископана гробница длабоко во тврдата камена основа под пирамидата, а потоа би била направена уште една во самата пирамида, но на пониско ниво во однос на планинараната погребна одаја.
И покрај сите разработени решенија, се чини дека телото на фараонот никогаш не било положено во Големата пирамида.
Египтолозите што детално ги проучувале пирамидите главно се делат на две групи – оние што веруваат дека пирамидите имаат некое длабоко, мистично значење и оние што сметаат дека тоа се само гробници. Но ако Големата пирамида е само гробница, тогаш зошто недостига телото и за што служи математичката точност кај секој ѕид, агол, премин и вдлабнатина?
Како што се покажало во Долината на кралевите – каде што бил најден гробот на Тутанкамон – телата биле нормално погребувани со накитот и скапоценостите. Крадците што ги ограбувале гробниците, ги краделе сите драгоцености, но многу ретко ги изнесувале и телата. Па сепак, кога младиот калиф од Багдад Ал Мамун околу 800 години пред новата ера прв стапнал во Големата пирамида, во неа не нашол ништо.

Ал Мамун, всушност, трагал по знаење а не по плен. Ја слушал легендата според која во Големата пирамида се наоѓаат астрономски карти, нескршливо стакло и најчисти метали. По ризичното и тешко влегување во гробницата, што ги принудило неговите луѓе да ги обележуваат премините околу гранитните столбови, конечно стигнал во кралската одаја. Во неа се наоѓал само празниот саркофаг, без капак.
На младиот калиф му изгледало невозможно, откако ги видел недопрените гранитни клинови, дека некој можел да влезе во пирамидата пред него. Барал докази за насилно влегување или за грабеж – но залудно. На крајот, разочаран, заминал прашувајќи се збунето зошто воопшто бил изграден огромниот споменик.
Потоа Големата пирамида била оставена на мир со векови се додека британските и француските научници и математичари во 17-иот и 18-иот век не почнале да покажуваат интерес за неа. Оксфордскиот научник Џон Гривс во 1638 година ја истражувал кралската соба и се восхитувал од прецизноста до „илјадити дел од стапката“. Неговите откритија го привлекле вниманието на други научници, меѓу кои биле и сер Исак Њутн, и тие работеле – рака на срце неуспешно – на откривањето на тајната на Големата пирамида.Англискиот авантурист, полковник Ричард Хауард-Вајз во триесеттите години на деветнаесеттиот век предводел екипа што наишла на два цевковода со пречник од дваесетина сантиметри што воделе од северниот кон јужниот ѕид, минувајќи низ кралската соба. Доаѓајќи до кралската соба, утврдиле дека температурата во неа, без оглед на надворешната клима, константно изнесува 20 Целзиусови степени – што всушност е идеално за зачувување на научните справи и инструменти што се спомнуваат во легендата за гробницата.

Едниот Англичанец, Џон Тејлор, син на издавачот и основачот на дневникот „Обсервер“, во следните 30 години предано работел подготвувајќи ја својата обемна студија за пирамидата. Детално испитувал се што се знаело дотогаш за Големата пирамида и во својата книга „Големата пирамида: зошто била изградена и кој ја изградил?“ дошол до заклучок дека Египќаните „знаеле дека земјата има форма на сфера и дека, набљудувајќи го движењето на небесните тела над Земјината површина, го погодиле нејзиниот обем и сакале да остават точни и неизбришливи податоци за тоа со помош на една таква конструкција“.
__________________
Рагањето е мистерија ,животот е вечна борба а смртта е долго патување кон дома
Tulepa е офлајн   Одговор со цитат
Старо 11-06-2009, 11:42 PM   #55
Tulepa
Junior Member
 
 
Зачленет: Sat May 2009
Мислења: 26
Зададено Одг: Египет и пирамидите

Мистериозната сила на пирамидите


Веќе долго време се тврди дека пирамидите имаат необјаснива таинствена моќ. Имало обиди да се докаже дека тие, всушност, се магнет за космичките зраци или електрани на статичниот електрицитет. Постојат многу приказни за посетители на пирамидите кои подоцна биле во состојба да ја предвидат својата сопствена судбина. Туристите понекогаш се вкочануваат или се онесвестуваат.
Наполеон ги посетил кралските соби во Големата пирамида на 12 август 1799 година. По извесно време го замолил водачот да го остави сам. Кога најпосле заминал од пирамидата, Наполеон, освојувачот на Европа, бил блед и потресен. Кога го прашале што се случило, грубо одговорил: „Воопшто не сакам да зборувам за тоа“. Подоцна признал дека при престојот во Големата пирамида јасно ја видел сопствената иднина. Непосредно пред смртта на Света Елена се чинело дека сепак ќе му ја открие тајната на својот придружник. Рекол: „Не. Што вреди. Никогаш не би ми поверувал“.
Најчудните работи во врска со силата на пирамидите ги доживеале луѓето без образование, кои никогаш не биле во Египет. Тоа се оние кои имале доста успех користејќи картонски, метални или пластични модели направени прецизно спорд моделот на Големата пирамида. Таквите модели, според кажувањето на голем број луѓе, биле во состојба долго време да го одржат жилетот остар, храната свежа, да го засилат чувството на спокојство и задоволство, па дури и да помогнат во управувањето во судбината.
Французинот по име Бовис во педесеттите години на деветнаесеттиот век ја посетил Големата пирамида. Внатре, меѓу вообичаените отпадоци што остануваат по туристите, го пронашол трупот на една мачка. Телото било извонредно зачувано. По враќањето дома, Бовис експериментирал со модели на пирамиди што биле правени со сразмер со Големата пирамида и открил дека сите тие овозможуваат месото да остане долго време свежо.
Стотина години подоцна, чешкиот инженер Карел Дрбал читал за експериментите на Бовис. Зад Железната завеса имало недостиг од жилети и Дрбал се прашувал дали пирамидите ја пренесуваат енергијата врз металите. Направил свој модел на пирамида и заклучил дека тапите жилети што ги сместил внатре брзо ја враќале својата некогашна острина. Кога отишол во заводотот за патенти во Прага во 1959 година, не му поверувале. Но кога група научници ги проверила неговите тврдења, на Дрбал му бил признаен патентот со број 91.304.
Никој не бил во состојба да го објасни тоа. Според некои приказни од Првата светска војна, жилетите што биле изложени на месечина, бргу се истапувале. Острицата на жилетот е направена од ситни кристали. Ако енергијата акумулирана во зраците на месечината е во состојба да го истапи жилетот, дали може енергијата акумулирана во пирамидите да го наостри?
Постојат одредени правила кон кои треба да се придржуваме за да можат пирамидите да дејствуваат. Односот меѓу основата и страните мора да биде во сразмер 15,7 спрема 14,94, а страните мора да се поклопуваат со четирите ознаки на компасот. Жилетот мора да се постави на височина од 3,33 единици, а неговите острици мора да бидат свртени кон исток и кон запад.
Никој не може да ја објасни таинствената моќ на пирамидите, но илјадници луѓе ширум светот упорно тврдат дека таа апсолутно дејствува.
Неговите проучувања откриле дека височината на пирамидата има ист однос спрема периферијата како што има радиусот на кругот спрема својот обем. Ова покажувало дека старите Египќани знаеле за вредноста пи, непроценливиот математички принцип за кој се верувало дека е откриен дури дури 3.500 години подоцна. Неговото откривање го потврдил брилијантниот математичар Чарлс Пјаци Смит кој станал управник на Кралската опсерваторија во Шкотска.
Набргу следувале и други теории. Некои биле вдахновени, некои ексцентрични, некои религиозни и длабоко мистични, а други практични и научни. Според една, Големата пирамида била изградена како голем часовник. Францускиот физичар Жан Батист Био во 1853 година заклучил дека широките, рамни плочници што ја поврзуваат северната и јужната страна се градирани според должината на сенката. Зиме пирамидата фрлала сенка на северниот плочник, а лете измазнетата карстна површина ги рефлектирала сончевите зраци на јужната страна. На тој начин можеле да се одредуваат времето во текот на денот и деновите во текот на годината. Дејвид Дејвидсон, англиски градежен инженер од Лидс, и неговиот соработник од Јоркшир, Мозес Б. Котсворт, ја следеле идејата на Био тврдејќи дека е точна и дека Египќаните можеле да ја мерат должината на годината до третата децимала.
Според друга теорија, Големата пирамида, всушност, е огромна опсерваторија. Британскиот астроном од 19-иот век Ричард Проктор укажал дека преминот што бил познат како Надолен ходник бил прецизно израмнет со ѕвездата Северница. Проктор нагласувал дека разните длабнатини и засеци што биле откриени во Големата галерија на Големата пирамида, можеле да служат како подвижни платформи за набљудувачите кои со помош на инструменти го проучувале движењето на ѕвездите низ влезниот отвор на Големата галерија.
Членовите на Институтот за пирамидологија во Лондон веруваат дека Големата пирамида е вистинско пророштво за иднината на човештвото. Тие тврделе дека, со помош на комплициран систем на мерења и пресметувања, може да се докаже дека Големата пирамида ги предвидела излегувањето на Евреите од Египет, распнувањето на Христос, избувнувањето на Првата светска војна – која, велат, била почеток на рушењето на стариот поредок, како што го претскажувале Данило и Исус – и почеток на милениумот во есента 1979 година. Тоа, вели таа група, ќе го означи почетокот на илјадагодишното владеење на Христос на земјата што ќе заврши со крвав судир меѓу народите и со Судниот ден во 2979 година.
Книжевникот Питер Томкпинс, кој направил исцрпна студија за мистеријата од Гиза, во 1971 година напишал книга во која се обидувал да ја реши загатката на Големата пирамида. Томпкинс тврдел дека египетските свештеници му ветиле на кралот Кеопс монументална гробница. Кога кралот ја одобрил и ја финансирал изградбата, тие не конструирале гробница туку споменик на своите научни достигнувања. Кога умрел, измамениот Куфу воопшто не бил погребан во неа.
Заедно со д-р Ливиј Стрекини, професор по античка историја на колеџот „Вилијам Патерсон“ во Њу Џерси, Томпкинс ги проучувал научните достигнувања на градителите на пирамидата и дошол до следниве заклучоци:
• Големата пирамида била грижливо лоциран ориентир што го изградиле географите на древниот свет.
• Служела како опсерваторија од која со задоволителна точност биле цртани карти на ѕвездите.
• Нејзините страни и агли им биле основа на сите древни картографи.
• Нејзината структура ја подразбирала и вредноста на пи.
• Таа би можела да биде практична библиотека на древните системи на тежини и мери.
• Градителите ги знаеле прецизно вредностите на обемот на земјата, должината на годината, вклучувајќи го и нејзиниот „остаток“ од 0,2422 дела на ден. Тие, исто така, можеле да ги знаат и должината на Земјината орбита околу сонцето, специфичната густина на Земјата, 26.000-годишниот циклус на рамноденицата, забрзувањето на гравитацијата и брзината на светлината.
Дали древните Египќани, 3.000 години пред раѓањето на Христос, можеле да го знаат сево ова? Ако го знаеле, како ги постигнале сите знаења и зошто тие со векови биле заборавени?
На секој што ќе ја види Големата пирамида му е јасно дека ја изградила некоја напредна цивилизација. Дали таа цивилизација поседувала знаење и моќ за кои денес можеме само да претпоставуваме?
__________________
Рагањето е мистерија ,животот е вечна борба а смртта е долго патување кон дома
Tulepa е офлајн   Одговор со цитат
Старо 12-06-2009, 12:41 PM   #56
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Re: Египет и пирамидите

Тулепа, само те молам, ако текстот не е авторски твој, на крајот од истиот наведи извор.
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 12-06-2009, 05:29 PM   #57
Tulepa
Junior Member
 
 
Зачленет: Sat May 2009
Мислења: 26
Зададено Одг: Египет и пирамидите

Најџел Бландел Силсонс,-Најголемите светски мистерии- тоа е книга
__________________
Рагањето е мистерија ,животот е вечна борба а смртта е долго патување кон дома
Tulepa е офлајн   Одговор со цитат
Старо 13-06-2009, 10:03 AM   #58
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Re: Египет и пирамидите

се е ок, само на крајот од постот напоменувај, инаку кршиме авторски права.
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 08-07-2009, 07:57 PM   #59
michael
Senior Member
 
 
Зачленет: Wed Jul 2009
Мислења: 130
Зададено Одг: Египет и пирамидите

Spored otkrovenijata primeni od Bozjiot Duh preku prorocicata za denesno vreme, piramidite pretstavuvaat grobnici za nekogasnite kralevi koi ludjeto vo zabluda gi smetale za bogovi. Nivnata konstrukcija e takva sto, osobeno nokjno vreme zasileno privlekuvala energija od satanskite tnr. pad-podracja(posle Hristovata zrtva nareceni cistilisni podracja t.e. astral) i ovozmozuvala balsamiranite tela na faraonite podolgo vreme da se zastitat od raspadjanje. Dushata na pocinatiot faraon ostane podolgo vrzana za svoeto balsamirano telo. Celta na vakvite gradbi bila da dushata na nekogasniot vladetel, se vrze silno za materijata ili bide pottiknata na reinkarnianje, sto cestopati i se slucuvalo.

Ovie negativni energii, koi piramidite i den denes gi zracat, voopsto ne doadjaat od cistite bozestveno-nebesni svetovi, i den denes imaat golemo stetno vlijanie vrz covestvoto, osobeno na bliskiot i sredniot istok.
michael е офлајн   Одговор со цитат
Старо 08-07-2009, 08:52 PM   #60
Astra
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Feb 2008
Мислења: 16,182
Зададено Одг: Египет и пирамидите

izvini Michael koje izvorot za vakvo razmisluvanje, na koi otkrovenija mislis vo svojot post?
__________________
Once upon a time.....
Astra е офлајн   Одговор со цитат
Одговор

Алатки за тема

Правила на пишување
Ти не можеш да отвораш нови теми
Ти не можеш да одговараш на постови
Ти не можеш да постираш додатоци
Ти не можеш да ги едитираш твоите постови

BB кодот е вклучен/и
Смешковците се вклучен/и
[IMG] кодот е вклучен/и
HTML кодот е исклучен/и

Скокни до форум


Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 06:27 AM.
Copyright ©2006 - 2014, Taratur.com