Таратур Форуми
Почетна | За нас | Контактирајте не
 
Quick Member Login:
Forgot password?
Forum Statistics:
Forum Members:
Total Threads:
Total Posts:


There are users
currently browsing forums.
You don't appear to be registered. Click here to register
Search the forums:
Старо 13-09-2008, 04:55 PM   #1
Morbid
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Jul 2008
Мислења: 4,250
Зададено Смислата на животот

Која е смислата/целта на животот според вас?
__________________
.
Morbid е офлајн   Одговор со цитат
Старо 13-09-2008, 08:57 PM   #2
Astra
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Feb 2008
Мислења: 16,187
Зададено Смислата на животот

Dobra tema.
И убав пост јадранка.
__________________
Once upon a time.....
Astra е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-09-2008, 02:34 AM   #3
Morbid
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Jul 2008
Мислења: 4,250
Зададено Смислата на животот

добар пост за целта во животот.Но смислата според вас која е?


Јас подоцна ке се изјаснам на темава
__________________
.
Morbid е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-09-2008, 02:43 AM   #4
Рокси
Senior Member
 
 
Зачленет: Tue Jul 2008
Мислења: 7,093
Зададено Смислата на животот

Смисла на животот?
Шознам... ваљда да постигниш успех во повеќе сфери, да создадеш здраво потомство...
__________________
So anytime somebody needs you,
Don't let them down although it grieves you,
Someday you'll need someone like they do,
Looking for what you knew.
Рокси е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-09-2008, 03:43 PM   #5
Astra
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Feb 2008
Мислења: 16,187
Зададено Смислата на животот

убава тема и јас размислував за ова деновиве
според мене смислата е развој на човекот преку разни искуства и ситуациии ком негов духовен напредок
__________________
Once upon a time.....
Astra е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-09-2008, 04:57 PM   #6
Banane
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Jul 2008
Мислења: 4,764
Зададено Смислата на животот

едно нешто на што најмнгу се нервирам а е создадено од комунистите е изреката дека
"животот е тежок" и дека важе "кој како ќе си а нареде"....

уопште не е така.."животот е само комплициран" и важе --"кој како ќе си а сфане"

епа уствари тоа е тоа...смислата на животот е кој како ќе си а сфане...и сите се у право !!!! .....

само не значе дека било како и да си го сфанал животот дека можиш да патентираш општо добро или дека си заслужен за почит од секого !!!!
__________________
::: VIDI FOTOS :::
Banane е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-09-2008, 04:59 PM   #7
kelaf
Moderator
 
 
Зачленет: Sat Nov 2007
Локација: Skopje -N.Lisice
Мислења: 4,701
Зададено Смислата на животот

нема смисла животот веке се е скапо неможеш да си приоштиш многу работи зар има тоа смисла
kelaf е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-09-2008, 06:02 PM   #8
Stella
Moderator
 
 
Зачленет: Sun Jun 2008
Мислења: 3,287
Зададено Смислата на животот

Темава се супер место за мојот расказ по философија баш на оваа тема... Еве го мојот „малку“ подолг одговор

Смислата и разбирањето на животот

Отсекогаш било полесно да се најде смислата и одговорот на некое логичко, математичко прашање отколку да се реши некоја дилема во врска со постоењето на човекот. Затоа што едноставно е тешко да се почне. Дури и најголемите мислители најдобриот одговор што го смислиле е дека секој човек треба сам да ја пронајде смислата на својот живот. Многу едноставно, но истовремено и тешко затоа што и кога ќе се стигне до некој одговор на крајот остануваш прашувајќи се дали е тоа навистина така и повеќето едноставно се сфаќаат дека треба само да продолжат понатаму живеејќи најдобро што можат. Не се малку оние кои сметаат дека без разлика на се, смислата на животот е да го извлечеш најдоброто од него. А што е добар живот? Да имаш здравје, знаење, љубов, семејство, да бидеш способен да го издржуваш тоа семејство? Во секој случај, да. Човекот е нецелосен без овие привилегии, без разлика колку и да сака да се посвети на само некои од нив.
Сенека, грчки философ, е познат по своите зборови: „ За човекот, човекот е нешто свето“. Толку е очигледна неговата порака, човекот треба да ја негува својата природа. А во човекотвата природа спаѓаат сите „услови“ за добар живот: здравје, знаење, љубов, вера… Човекот е интелигентно суштество, привилегирано да мисли и да сознава, суштество кое низ вековите се повеќе го открива светот и ја задоволува својата љубопитност. Мислам дека најдобро ќе го разберам животот кога конечно ќе се спознаам себеси. Тоа е трка со сопствениот дух и со секој нов ден откривам нешто ново за себе. Така секој човек колку повеќе свои доблести открива толку подобар светот може да биде. Многу едноставно, мислам значи постојам.
Спротивно на ова втората движечка сила, љубовта, е прилично комплицирана, најверојатно затоа што е чувство, нешто што човекот не го контролира најлесно. Според мене, оние кои трагаат по совршенство, треба да трагаат по љубов.
Се раскажува дека Бог на почетокот создал едно суштество. Тоа суштество било толку совршено и хармонично што самото божество се исплашило па го разделило на две, маж и жена. Од тогаш, секој човек трага по својата друга половина која целосно ќе го надополнува.
Ако нешто може да те натера да направиш некоја глупост, да постапиш многу храбро или пак целосно да се смениш тогаш тоа е љубовта. Вознемирува фактот дека нешто што си го осмислувал и градел или пак едноставно она што си, може да биде променето или уништетно само поради чувство. Но така е, низ вековите таа влијае врз историјата, цивилизациите, светот. И можеби за некои љубовта нема смисла, но јас сосема добро ја сфаќам како дел од смислата на животот.
Здравјето, она без кое не можеме ништо ни од претходното ни од она што следи. Епикурејците сметале дека „највисокото добро е задоволството, а најголемото зло е болката„ и верувале дека избалансираниот живот може да ги доведе до задоволство Значи да се развиваат и интелектуалните и физичките способности е услов за добар живот.
Според многумина пак, ниту едно од овие вредности не е важно како верата. Некои смислата на животот ја наоѓаат токму во неа и преку неа се трудат да го разберат животот, причината зошто живеат, нивната цел во светот. Верата е многу силен поим, а за некои и само поим. Иако често се поистоветува со религијата за мене тие две работи се многу различни. Јас верувам во луѓето и нивните способности и морал, но кога станува збор за Бог, сум само традиционална, дури и агностик. Па според тоа религијата за мене не е движечка сила. Ниту пак парите и материјалните добра. Нивната вредност за мене е неспоредливо мала во однос на духовните вредности. Едноставно тие само му се потребни на нашиот физички дел. Најдобро се убедив во тоа кога ме прашаа: Што ако се околу тебе исчезне? Што ќе остане?... Ќе остане мојот дух со сето духовно богатство, чувства и спомени на малите нешта кои ме исполниле и надоградиле.
Па според мене најважно од се е да се одружува внатрешниот дух затоа што човекот е најсреќен кога не зависи од непостојани и случајни нешта.



Ух, мислам дека поставив рекорд Добар рецепт во секој случај
Stella е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-09-2008, 11:14 PM   #9
Рокси
Senior Member
 
 
Зачленет: Tue Jul 2008
Мислења: 7,093
Зададено Смислата на животот

Не треба секогаш слепо да го следиме срцето
__________________
So anytime somebody needs you,
Don't let them down although it grieves you,
Someday you'll need someone like they do,
Looking for what you knew.
Рокси е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-09-2008, 11:22 PM   #10
Stella
Moderator
 
 
Зачленет: Sun Jun 2008
Мислења: 3,287
Зададено Смислата на животот

Јадранка, секако дека срцето е добар водич, но според мене тајната е (како што и пишува во текстот) токму во балансот, во рамнотежата. Да најдеш начин да ги усогласиш разумот и срцето, затоа што тие едно без друго не одат, колку и ние да мислиме дека не е така. Секоја мисла предизвикува емоција, секоја емоција носи мисла. За да го слушнеш срцето треба прво да го зауздиш разумот, а секоја единка го прави тоа на свој начин, кој пак го диктира срцето, емоциите, спомените... тоа е магичен круг и добро е што е така. Глув си ако го слушаш само срцето, слеп си ако се водиш само по разумот...
Stella е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-09-2008, 11:31 PM   #11
Рокси
Senior Member
 
 
Зачленет: Tue Jul 2008
Мислења: 7,093
Зададено Смислата на животот

Цитат:
Напишано од Stella
Јадранка, секако дека срцето е добар водич, но според мене тајната е (како што и пишува во текстот) токму во балансот, во рамнотежата. Да најдеш начин да ги усогласиш разумот и срцето, затоа што тие едно без друго не одат, колку и ние да мислиме дека не е така. Секоја мисла предизвикува емоција, секоја емоција носи мисла. За да го слушнеш срцето треба прво да го зауздиш разумот, а секоја единка го прави тоа на свој начин, кој пак го диктира срцето, емоциите, спомените... тоа е магичен круг и добро е што е така. Глув си ако го слушаш само срцето, слеп си ако се водиш само по разумот...
потполно се согласувам
__________________
So anytime somebody needs you,
Don't let them down although it grieves you,
Someday you'll need someone like they do,
Looking for what you knew.
Рокси е офлајн   Одговор со цитат
Старо 15-09-2008, 09:52 AM   #12
Astra
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Feb 2008
Мислења: 16,187
Зададено Смислата на животот

Цитат:
Напишано од Stella
Јадранка, секако дека срцето е добар водич, но според мене тајната е (како што и пишува во текстот) токму во балансот, во рамнотежата. Да најдеш начин да ги усогласиш разумот и срцето, затоа што тие едно без друго не одат, колку и ние да мислиме дека не е така. Секоја мисла предизвикува емоција, секоја емоција носи мисла. За да го слушнеш срцето треба прво да го зауздиш разумот, а секоја единка го прави тоа на свој начин, кој пак го диктира срцето, емоциите, спомените... тоа е магичен круг и добро е што е така. Глув си ако го слушаш само срцето, слеп си ако се водиш само по разумот...
се слагам, мора да постои баланс меѓу двете. робувањето било на срцето(емоциите), или разумот само може да не одведе само во ќорсокак. МОра да постои баланс на двете (урамнотежување на лева и десна страна на мозокот).
__________________
Once upon a time.....
Astra е офлајн   Одговор со цитат
Старо 15-09-2008, 06:34 PM   #13
Stella
Moderator
 
 
Зачленет: Sun Jun 2008
Мислења: 3,287
Зададено Смислата на животот

Цитат:
Напишано од jadranka
Мислите се јаки но треба да успееме да ги ставиме под контреола на срцето зошто како се чуствуваме така функционираме .Треба да го активираме во нас нашиот емоционален систем за наведување бидејки само така може да откриеме кое искуство сакаме да го проживееме ,замисли си дека сакаш да бидеш срекна и размислуваш дека си срекна ама нешто од внатре те копа и почнуваш да се прашуваш што не е во ред зошто такво сомневање зошто таков страв ,значи да не должам сепак мислам дека емоциите ако ти се на високо ниво тие ти ја ствараат мислата и се наш показател на односот помеѓу нас и нашето внатрешно битие т.е изворот на енергија.
Баш спротивно е... мислата има многу поголема сила, поголемо влијание. Некој паметен еднаш рекол, ако човекот дознае некогаш колку е само силна мислата ќе се плаши да размислува (или нешто слично ). Ако ти постојано мислиш дека ти е добро, ако постојано си го велиш тоа, на крајот ќе се убедиш дека се чувствуваш добро. Ја знаеш приказната за Мајк Тајсон мислам дека беше? Човекот си велел секој ден дека е убав, дека е лепотан и стварно се убедил во тоа, така научил да се гледа и така се чувствувал, значи со мисла влијаел на емоциите. Одамна помина од мода она „Следи го срцето и се ќе биде во ред“ ко срцето да е гаранција дека нема да скршнеш од патот. Веќе научивме дека разумот и емоциите се правилната комбинација
Stella е офлајн   Одговор со цитат
Старо 15-09-2008, 09:35 PM   #14
Astra
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Feb 2008
Мислења: 16,187
Зададено Смислата на животот

интересни мисли
се слагам треба контрола на мислите, но колкумина го можат тоа.и точно, мислите имаат своја енергија која може да се материјализира.
мислите, умот и срцето бараат постојана свесност, разбирање и одговорност.
малку скршнавме од правецот на темата, па затоа да се вратиме на смислата за животот.
__________________
Once upon a time.....
Astra е офлајн   Одговор со цитат
Старо 15-09-2008, 11:08 PM   #15
lavicaa
Senior Member
 
 
Зачленет: Tue Jul 2008
Локација: Скопје
Мислења: 4,064
Зададено Смислата на животот


За да ја откриеме смислата на животот треба да ги знаеме одговорите
на трите основни прашања...
Кој сум јас......спознанието на себеси...
Зошто сум овде.....дојдена сум на овој свет не по своја воља...но
го живеам животот онака како што јас сакам...
Каде одам....цел живот човек се бори ...и сам со себе...но треба да ја знае целта...
Смислата на животот е да се ужива во животот, кој иако честопати е исполнет со
предизвици и искушенија, во кои треба да се истрае...и да се стремиме да дојдеме
до конечната цел.....љубов, дом, семејство, деца, работа,успех,среќа,мир.......
lavicaa е офлајн   Одговор со цитат
Старо 15-09-2008, 11:22 PM   #16
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Смислата на животот

имаа Монти Пајтоновци да кажат на темава
*
Смислата?
не знам, не размислувам во смисла и несмисла.
Артур Кларк во романот „Крајот на детството“ даде убава поента на темава
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 16-09-2008, 12:59 AM   #17
Karan
Moderator
 
 
Зачленет: Sat Oct 2007
Мислења: 10,376
Зададено Смислата на животот

Цитат:
Напишано од Arkana10
имаа Монти Пајтоновци да кажат на темава
*
Смислата?
не знам, не размислувам во смисла и несмисла.
Артур Кларк во романот „Крајот на детството“ даде убава поента на темава
__________________
“Подобро ужасен крај отколку ужас без крај“
Груев Дамјан
Karan е офлајн   Одговор со цитат
Старо 16-09-2008, 11:03 AM   #18
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Смислата на животот

Биди сериозен ќе не искараат
*
да се вратам на темава, мислам сериозно кој не го прочитал Кларк со „крајот на детството“ нека го прочита
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 17-09-2008, 10:06 PM   #19
Dylan Dog
Moderator
 
 
Зачленет: Mon Jul 2008
Мислења: 14,020
Зададено Смислата на животот

Цитат:
Напишано од Arkana10
имаа Монти Пајтоновци да кажат на темава
*
И мене веднаш тоа ми падна на памет
Смисла на животот..хм, Се живее за потомството, ( и некои ситници)...и ништо повеќе !!!

Кога подобро ќе размислам.....животот нема смисла !!!
__________________
Секој човек е свој крал !
Dylan Dog е офлајн   Одговор со цитат
Старо 18-09-2008, 10:41 AM   #20
Astra
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Feb 2008
Мислења: 16,187
Зададено Смислата на животот

Често се судрувам во секојдневието со тоа дека живото нема смисла, па знам да потонам во темни мисли.
Лично неможам да прифатам дека живото нема смисол, бидејќи тогаш се ставам во дилема, па за што по ѓаволите живеам, зар нема никаква логика и смисол во нашето постоење? Ако нема живеењето смисла, што е тогаш тоа што не тера да стануваме секој ден, да одиме на работа, да имаме деца, само навиката ли, традицијата?зар е човекот сведен само на репродукција?
се сомневам
__________________
Once upon a time.....
Astra е офлајн   Одговор со цитат
Одговор

Алатки за тема

Правила на пишување
Ти не можеш да отвораш нови теми
Ти не можеш да одговараш на постови
Ти не можеш да постираш додатоци
Ти не можеш да ги едитираш твоите постови

BB кодот е вклучен/и
Смешковците се вклучен/и
[IMG] кодот е вклучен/и
HTML кодот е исклучен/и

Скокни до форум


Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 06:31 PM.
Copyright ©2006 - 2014, Taratur.com