Таратур Форуми
Почетна | За нас | Контактирајте не
 
Quick Member Login:
Forgot password?
Forum Statistics:
Forum Members:
Total Threads:
Total Posts:


There are users
currently browsing forums.
You don't appear to be registered. Click here to register
Search the forums:
Старо 27-10-2008, 10:12 AM   #1
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Бета ХЦГ

Го споменуваме многу често овој хормон.
Посебно ние што лечиме неплодност.
Што е Бета ХЦГ или бета хумано корионски гонадотропин?
Познат уште и како хормон на бременоста, во крвта на жената се излачува уште во првите денови после имплантацијата. Го има и во урината, но во поретка концентрација и се евидентира со тестови (домашни тестови на бременост), ама дури после очекуваниот ден за добивање на менструација.

Многу е важно неговото правилно дуплирање кое упатува на регуларна бременост.
еве калкулатор кај што може да се провери дали правилно се дуплира клик
***
еве една табличка со вредности:
од левата страна се неделите на бременост, од другата количината на бета во крв


вака во бременост


***
еве корисни линкови:
Рода
обфокус
моја медицина
бета

***
морам да напоменам дека ако се вади контролна бета, мора да биде во иста лабораторија и во исто време, за да се види правилното дуплирање.
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 27-10-2008, 10:17 AM   #2
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Бета ХЦГ

ако имам нешто промашено, слободно допишете.
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 27-10-2008, 10:39 AM   #3
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Бета ХЦГ

плодност

Цитат:
ФАЗА НА ЖОЛТО ТЕЛО

Како што рековме жолтото тело произведува хормони кои треба да го припремат ендометриумот за имплантација.

После аспирација на повеке ооцити (јајни клетки) и користење на хормони за индукција на овулација ,функцијата на жолтото тело често е .

Затоа по правило после сите симптоми на потпомогната кои ги користи ХМГ во втората половина на циклусот потпомага жолтото тело.

Најчесто се дава прогестерон преку уста , со инекции или вагинално.Тој е природен хормон кој ја одржува бременоста и нема никакво штетно дејство на плодот. Се дава редовно и секојдневно во текот на 12-14 дена. Прогестеронот има несакани ефекти само кај 20 % од пациентките.Тие нус појави би биле:

* подуеност
* собирање на течност и зголемување на тежината
* набрекнати и осетливи гради
* главоболка
* осип,чешање
* акни
* осетливост и депресија
* опстипација ( запек )

Освен прогестеронот во фаза на жолтото тело се дава и ХЦГ.Со повекекратна или еднократна примена се поттикнува жолтото тело на јако произведување на прогестерон.

Во фаза на жолтото тело пациентката можи да примети мало крварење ,сто не треба да укажува на неуспешен обид.

Мачнина и проблеми специфични за бременост се чести во фаза на жолтото тело.

15 дена после трансферот се препорачува да се одреди бета ХЦГ хормонот во крвта или во урината.

Ако тестот е позитивен тогаш се работи за почеток на бременост.Пациентката треба да се јави во И В Ф центарот и понатаму да користи прогестерон.

Ако тестот во двата случаи е негативен ( после два дена) треба да се прекини прогестеронот .

Два до пет дена покасно пациентката ке добие менструација.

Пациентката кај својот лекар и во ИВФ центарот треба да се јави и ако има:

* јака болка
* зголемена температура над 37С
* јако крварење ( пообилно од менструација )
* тешко дишење , лупање на срцето , тахикардија
* поозбилна мачнина и повраќање
* пораст на телесната тежина за 2 - 3 кг и повеќе
* растење н а стомакот и напнатост
* намалено мокрење
* затвор или пролив
* на УЗВ преглед - течност во стомакот и јајниците поголеми од 8 - 10 цм
* општа лоша состојба

РАНА БРЕМЕНОСТ

Во бременоста после И В Ф како и другите методи кај кои има потпомогната репродукција , постојат ризици за спонтан абортус и вон матерична бременост. Зачестеноста од спонтан абортус е 15 - 20 % а нешто и помала од оние во природни околности. Вонматеричната бременост е по честа за разлика од другата популација и се гледа кај 4 - 5 % од сите бремености.

Таа компликација е честа и кај жени со зачепени јајоводи ,бидејки ембрионот после Е Т може да влези во јајоводот од матката. Бидејки при Е Т уфрлуваме повеке ембриони не е исклучена можноста од хетеротропична бременост.Тоа е истовремена бременост и во матката и во јајцеводите која се гледа во 1% ИВФ бремености.Тоа е почесто за разлика од нормалното.

Спонтаните абортуси почести се кај:

* жени постари од 40 години
* кај оние кои веќе имале абортус
* оние со патологија на матката (миоми,септум,полип)
* жени со ПЦО синдром
* со зголемен Л Х
* кај тие жени што не користиме ГН_РХ
* со поранешни воспаленија на гениталните органи ( ендометриоза )
* со докажување на антитела ( имунолошки причини )

Жените кои во рана бременост после И В Ф крварат ,имаат смеѓ исцедок ,болки во долниот дел на стомакот или лошо се чуствуваат ,мора да се јават кај својот лекар или во центарот. Тие најчесто се хоспитализираат до крајот на дијагнозата и до смирување на на сите симптоми.

Оскудно крварење и смеѓ исцедок често се јавува ( 50 - 60 % ) и во најнормална бременост.Тоа и се очекува бидејќи 75% од сите бремености после И В Ф се уредни.

Во постапките на потпомогната репродукција чести се повеѓе плодни бремености. Тие сочинуваат ( 20-25 %) од сите бремености.Најчесто се работи за близнаци.

Пратејки ја раната бременост кај И В Ф се утврдило дека понекој примарно имплантиран ембрион престанал да се развива.Таквата спонтана редукција на ембрионите е утврдена кај 1/ 3 од случаите. Пациентката поради тоа може оскудно да крвари додека гестациската вреќа не се изгуби. Останатите плодови по правило нормално продолжуваат да се развиваат.
ХОРМОНСКИ ИСПИТУВАЊА
Б ХЦГ

Во крвта се одредува БХЦГ. Се наоѓа позитивен после имплантација, значи неколку дена пред закаснета менструација. Бета ХЦГ може да биде и минливо позитивен, но низок, без клинички или со УЗВ покасно да се докаже бременост. Таквите бремености се нарекуваат биохемиски бремености.

Ако БХЦГ се одредува повеќекратно, тогаш во првите недели од бременоста најчесто вредноста се дуплицира 1,5 - 2 дена. Од 20 ден на уредна бременост ( ден пред 5 недели на аменореја ) БХЦГ е повисок од 2000 ИУ/Л ( интернационални единици на литар )
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 19-10-2009, 09:36 PM   #4
vesela29
Senior Member
 
Зачленет: Tue Jun 2009
Локација: Дома
Мислења: 548
Зададено Одг: Бета ХЦГ

Vrednosta na betaHcg vo 4ta nedela mi beshe 340, vo granici za toj razvoen perod
Mislev kje treba pocesto da se pravi, ama samo ednash pred prviot pregled mi baraa, posle ne
Pozz
vesela29 е офлајн   Одговор со цитат
Одговор

Алатки за тема

Правила на пишување
Ти не можеш да отвораш нови теми
Ти не можеш да одговараш на постови
Ти не можеш да постираш додатоци
Ти не можеш да ги едитираш твоите постови

BB кодот е вклучен/и
Смешковците се вклучен/и
[IMG] кодот е вклучен/и
HTML кодот е исклучен/и

Скокни до форум


Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 11:36 PM.
Copyright ©2006 - 2014, Taratur.com