Таратур Форуми
Почетна | За нас | Контактирајте не
 
Quick Member Login:
Forgot password?
Forum Statistics:
Forum Members:
Total Threads:
Total Posts:


There are users
currently browsing forums.
You don't appear to be registered. Click here to register
Search the forums:
Старо 14-10-2006, 03:02 AM   #1
GUSAR
Senior Member
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 521
Зададено Детски Песнички

МКи текна една....

ОРО

Весели деца,
од сите страни на светот
еднаш се збрале,
раце си дале,
развиле оро - вито.

Орото било
шарено, китно
црвено, жолто
црно и бело
орото личело
на венче цело.

Играле така
ечела песна в шир,
децата мали
од сите страни на светот
пееле песни за МИР!

(на сликичка во букварот имаше црнче, јапонче...играат орооо и еден бел гулаб )
Ви текнува?

(едитиран наслов)
GUSAR е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-10-2006, 03:03 AM   #2
GUSAR
Senior Member
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 521
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Есен

Лисја златни
ветрец рони
Дождец врне
ситно ѕвони

Молчи птица
крај два бора,
а по поле
трактор ора.

Бразди, бразди,
песни пее,
сејачката семе сее
и просторот мал е - тесен,
дошла есен,
златна есен!!!!

Песна што ја памтам од 2-ро одд.
(освен 1 збор)
GUSAR е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-10-2006, 03:10 AM   #3
GUSAR
Senior Member
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 521
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Прваче

Прваче сум денес
вистина е цела,
во жили ми тече
крв, титовска -врела.

Букварот го сакам,
со книгите дружам,
на земјава родна
верно ќе и служам!

(оваа беше комуњарската верзија....а после дојде)

Прваче

Брзај, брзај прваче
кон школскиот двор,
те сека учителка
со мајчински збор.

Букви, сказни, песнички
на секој нов час
ќе ти кажува таа
со милослив глас!


Е кога бевме бруцоши, јас и цимерот (Киро) ја изрецитиравме вака:

БРЗАЧЕ

Првај, првај брзаче
кон дворскиот школ,
те учи чекателка
со зборчински мај!

А на албански....
„Прваче“ оди вака:

Чкуљ ми чкуљ,
чкуљ ми чкуљ,
чкуљ ми чка пар бон
чка пар бон д џаш минут
камбана , динг-донг

))
GUSAR е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-10-2006, 03:19 AM   #4
GUSAR
Senior Member
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 521
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Ајјј ми ткна нешто , не е песна, ама....четивце е

Тате и Мите местат антена.
...Антената сама не се мести, се смее тета Тана. Се мести, се мести, се смеат тие......
GUSAR е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-10-2006, 05:03 PM   #5
Ana-sk
Senior Member
 
Зачленет: Sat Sep 2006
Мислења: 330
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Леле гусар бе не си нормален
Ја знам детски песнички али од типот на златно славејче и супер звезда..незнам дали смее такви?
__________________
Maybe for the world you are just someone, but for someone you are the whole world!
Ana-sk е офлајн   Одговор со цитат
Старо 14-10-2006, 07:02 PM   #6
Kire
Moderator
 
Зачленет: Sat Jun 2006
Мислења: 1,574
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Кога сме кај песничките(детски) ниедна песничка незнаев ко бев мал, ме мрзеше да ги учам.
А требаше да пеам една за сребрен ѕвон(многу убав глас сум имал, надарен за песната(вовчето Кире се викаше) пфффф :lol: се кинам од смеење) ко ми кажаа 600 еура , му реков фала не треба.
__________________
http://kirildimeski.wordpress.com<br /><br />software is like sex, it's better when it's free
Kire е офлајн   Одговор со цитат
Старо 15-10-2006, 02:09 AM   #7
Jovanka
Moderator
 
Зачленет: Sun Sep 2006
Мислења: 4,854
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

600 eur!!! Абе ајде!Луди се!
__________________
Аlways look on the bright site of life!
Jovanka е офлајн   Одговор со цитат
Старо 16-10-2006, 01:07 AM   #8
PAUN
Senior Member
 
Зачленет: Mon Oct 2006
Мислења: 2,396
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Јованче се е отидено
__________________
С Е Л А Н И
PAUN е офлајн   Одговор со цитат
Старо 16-10-2006, 09:18 AM   #9
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

супер тема! Фала гусар. Сега ме тераш да барам низ сеќавањево... :lol:
*
ЦРВЕНКАПА

Јас сум деца Црвенкапа
ме знаете нели
носам капче црвено
и чевлички бели
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 16-10-2006, 09:44 AM   #10
PAUN
Senior Member
 
Зачленет: Mon Oct 2006
Мислења: 2,396
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Бравос МАМО бравос.Добра меморија си имала Црвенкапа ме изнасмеа
__________________
С Е Л А Н И
PAUN е офлајн   Одговор со цитат
Старо 16-10-2006, 12:53 PM   #11
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

да не почнам со Ало амбуланта :lol:
(кога си опкружен со мали деца мора да ги знаеш)
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 16-10-2006, 12:57 PM   #12
PAUN
Senior Member
 
Зачленет: Mon Oct 2006
Мислења: 2,396
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Таман е работа.Се разбираме
__________________
С Е Л А Н И
PAUN е офлајн   Одговор со цитат
Старо 22-10-2006, 10:15 PM   #13
Ana-sk
Senior Member
 
Зачленет: Sat Sep 2006
Мислења: 330
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Еј а да отвориме нешо као "приказни за добра ноќ" каде што ќе ги раскажуваме најдобрите детски приказни од времето коа сме биле мали,шо викате а?
__________________
Maybe for the world you are just someone, but for someone you are the whole world!
Ana-sk е офлајн   Одговор со цитат
Старо 23-10-2006, 12:05 AM   #14
bibush
Guest
 
Мислења: n/a
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

докторе докторе кажи ми што треба да направам
глава жешка, грло боли
пиев топло чајче
но залудно е сеееееее

само докторе немој инекција
дај дај дај ми некој лек
немој докторе каква инфекција
не држи ме на штрееееек
  Одговор со цитат
Старо 23-10-2006, 12:41 AM   #15
GUSAR
Senior Member
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 521
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Цитат:
Напишано од Mama Види го мислењето
супер тема! Фала гусар. Сега ме тераш да барам низ сеќавањево... :lol:
*
ЦРВЕНКАПА

Јас сум деца Црвенкапа
ме знаете нели
носам капче црвено
и чевлички бели
не е така!!!!!!!!!!!!!
Вака идеше:
Јас сум Црвенкапче
малоооо девојче
носам капче црвено
и чевлички белииииии

Ништо мене не ме плаши,
ниту меца, ниту волк
јас од волкот немам страаааав
итам-скитам, по пат прав
)))))))))))
GUSAR е офлајн   Одговор со цитат
Старо 23-10-2006, 01:37 AM   #16
Lavot
Senior Member
 
 
Зачленет: Thu May 2006
Мислења: 4,602
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Цитат:
Напишано од Ana-sk Види го мислењето
Еј а да отвориме нешо као "приказни за добра ноќ" каде што ќе ги раскажуваме најдобрите детски приказни од времето коа сме биле мали,шо викате а?
зашто не би могло професоре....
__________________
Таратур
Lavot е офлајн   Одговор со цитат
Старо 23-10-2006, 01:49 AM   #17
Menderez
Senior Member
 
Зачленет: Sat May 2006
Мислења: 1,653
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Ana-sk, ova e odlicna ideja, mnogu mi se dopaga, jas mnogu sakam prikazni
__________________
На оној што оди по патот што го сака, му растат крила. На оној што оди по патот што не го сака - КОПИТА.
Menderez е офлајн   Одговор со цитат
Старо 23-10-2006, 09:04 AM   #18
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Ана отварај тема веднаш.
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 20-11-2006, 11:21 PM   #19
Thor
Senior Member
 
Зачленет: Sat Oct 2006
Мислења: 1,199
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Цитат:
Напишано од Mama Види го мислењето
супер тема! Фала гусар. Сега ме тераш да барам низ сеќавањево... :lol:
*
ЦРВЕНКАПА

Јас сум деца Црвенкапа
ме знаете нели
носам капче црвено
и чевлички бели

Mamo a kade se dzudzinjata
__________________
_________________________________________________
:da: "Зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано":ne:
Thor е офлајн   Одговор со цитат
Старо 21-11-2006, 12:14 AM   #20
Theomina
Senior Member
 
Зачленет: Sat Nov 2006
Мислења: 1,220
Зададено ДЕТСКИ ПЕСНИЧКИ :)

Еден глушец, глушец ушец
гризи гребе мрда уши,

Еден глушец, глушец ушец
сака денес ѕид да руши.

Тој од ништо нема страв,
ни од тигар ни од лав
само нема нема здив
штом го збрка мачор сив.
Theomina е офлајн   Одговор со цитат
Одговор

Алатки за тема

Правила на пишување
Ти не можеш да отвораш нови теми
Ти не можеш да одговараш на постови
Ти не можеш да постираш додатоци
Ти не можеш да ги едитираш твоите постови

BB кодот е вклучен/и
Смешковците се вклучен/и
[IMG] кодот е вклучен/и
HTML кодот е исклучен/и

Скокни до форум


Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 11:04 AM.
Copyright ©2006 - 2014, Taratur.com