Таратур Форуми
Почетна | За нас | Контактирајте не
 
Quick Member Login:
Forgot password?
Forum Statistics:
Forum Members:
Total Threads:
Total Posts:


There are users
currently browsing forums.
You don't appear to be registered. Click here to register
Search the forums:

Таратур Форуми » Живот » Дом - Хоби - Миленици » Боите во домот

Одговор
 
Алатки за тема
Старо 04-10-2008, 12:06 PM   #21
petra
Senior Member
 
 
Зачленет: Wed Aug 2008
Мислења: 633
Зададено Боите во домот

Kaj mene se e zeleno......nekako me smiruva taa boja.......sakam mnogu da saram......site sliki sto mi se doma a koi jas gi imam nacrtano se vo site boi.....i zatoa se e sareno......mrazam kafeni boi.......maslinesto zeleno...... gi sakam neznite boi......sakam da uzivam vo domot.....
petra е офлајн   Одговор со цитат
Старо 04-10-2008, 11:50 PM   #22
Stella
Moderator
 
 
Зачленет: Sun Jun 2008
Мислења: 3,287
Зададено Боите во домот

сакам земјени тонови, беж, кафено, маслинесто зелено но во нежни нијанси... би сакала за во спална еден ѕид со некоја загасита црвена боја, малку да шири енергија... мебелот, дрво или некои топли нијанси... сакам ѕидот крај каминот да биде со тули, црвени... обожавам виолетова, супер за постелнина во спална и за во тоалет... за во кујна, бела, праска боја, светло кафена...
Stella е офлајн   Одговор со цитат
Старо 06-10-2008, 05:57 PM   #23
Trajanka
Moderator
 
 
Зачленет: Tue Feb 2008
Мислења: 24,983
Зададено Боите во домот

оваа година , ке фарбам, само со црвена (темно ) и со бело ... доста е со жолтата и сината ...
__________________
Бурата прави дабовите да имаат подлабоки корења !!!
Trajanka е офлајн   Одговор со цитат
Старо 23-10-2008, 12:41 PM   #24
Morbid
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Jul 2008
Мислења: 4,250
Зададено Боите во домот

Еве нешто за боите според фенг шуи


Фенг шуи му придава големо значење на правилниот избор на боите. Не постојат добри и лоши бои, туку поволни и неповолни бои за одреден дел од домот. При изборот на боите основен водич е теоријата на петте елементи. Освен самата нијанса, важен е и интензитетот. Во просторијата со поголема динамика (како дневна соба или кујна) се внесуваат поинтензицни, додека во просториите за одмор (како спалната соба) се користат поблаги нијанси. Не се препорачува користење на силни бои за големи површини (ѕидови, големи теписи и прекривки). Таквите бои во просторот се внесуваат со помали парчиња мебел, декор и украсни предмети. При изборот на боите, нивниот интензитет и карактеристики, обрнете внимание на вашата реакција на одредена боја. Важно е да се постигне хармонија во просторот и да се усогласи уредувањето по сопствен вкус.

Белата боја е добра подлога која помага при истакнувањето на други бои и предмети. Во Кина тоа е боја на жалоста, но истотака симболизира и цврстина. Светло белата боја е погодна за предворија. Кај простории во кои подолго се престојува се препорачува нијансирана бел (крем, нечиста бела, беж, седефесто бела и сл). Поволна е и за кујните.

Црната, ако правилно се употребува, може да создаде импресивна атмосфера или квалитетна позадина за други бои. Во спротивно може да делува депресивно. Се препорачува умерено да се употребува. Не е поволна за детски соби, трпезарии, како и за простории за рехабилитација.

Сивата боја е боја на компромис и рамнотежа, но исто така може да делува депресивно. Потребно е сивите премази да се одржуваат свежи за да не доведат до малодушност. Често создаваат службена, формална атмосфера. не се поволни за кујни, додека во работната соба и просторот за учење имаат поволно влијание.

Сината боја
го намалува стресот и напнатоста, ја поттикнува мудроста, па често се користи и во спалните каде луѓето знаат често да се караат. Исто така симболизира самоувереност и трајност. Не се препорачуваат големи површини со сина боја во дневната соба и кујната.

Виолетовата боја се поврзува со интроспекција и медитација, како и со чесноста. Потемна нијанса е поволна за спалните соби и за просториите за одмор, додека посветлата виолетова (во која има прилично црвена) се употребува за поттикнување на динамиката.

Црвената
е силна, поттикнувачка боја која се употребува за зголемување на активностите. Ако се чуствувате доволно исцрпено и ви недостасува енергија, внесете во својот дом црвена боја – ќе ви биде потребно неколку црвени цвеќиња, декоративно перниче или некој друг украсен предмет. Со црвената треба внимателно да се постапува и не смее да се внесува во големи количини како не би предизвикала раздразливост и хиперактивност. Не се препорачува во работната и спалната соба (освен во по некој детал заради зголемување на страста).

Портокаловата боја
се поврзува со здравје, виталност, ентузијазам и оптимизам. Може да се употребува во простории кои се свртени кон север. Поволно влијае за потикнување на комуникација. Не се препорачува во работната или во спалната соба, додека е поволна во трпезаријата и дневната соба.

Розевата боја
е смирувачка нијанса на црвена боја и е ислучително женствена боја. Ја зголемува романтиката и детската разиграност, па затоа е поволна за спални и детски соби.

Жолтата исклучително стимулира, а се поврзува со интелектот, долговечноста и доброто расположение. Ја симболизира енергијата на сонцето. Добра е за стимулирање на комуникациите, менталната енергија и бистрината на мислите. Поволна е за сите семејни и дневни простории. Силната нијанса е неповолна за спалната соба.

Зелената
го поттикнува чувството на хармонија и мир. Тоа е смирувачка боја која се наоѓа помеѓу ладниот и топлиот дел на спектарот. Поволна е за работни и спални соби, а во светли нијанси и за кујните, додека не се препорачува за просториите во кои е пожелна голема динамика. Светлите тонови симболизираат раст, додека потемните тонови во големи количини можат да делуваат смирувачки.

Кафената бој
а има стабилизирачки ефект, но премногу кафена боја може да делува уморно. Не е поволна за постарите луѓе бидејќи се поврзува со есента. Прикладна е за работни простории.

превземено од: сезадомот.цом.мк
__________________
.
Morbid е офлајн   Одговор со цитат
Старо 13-11-2008, 09:22 PM   #25
isidora
Senior Member
 
Зачленет: Fri Sep 2008
Мислења: 429
Зададено Боите во домот

Кај меме е теѓет со помаранџесто и сиво или сребрено како сакате
isidora е офлајн   Одговор со цитат
Старо 20-11-2008, 09:23 PM   #26
valona
Senior Member
 
Зачленет: Wed Oct 2008
Мислења: 286
Зададено Боите во домот

Moze boite vo domot go karakteriziraat karakterot na covekot, no sepak jas ne se smetam mracna licnost, zatoa sto sakam vo domot da imam kombinacija od crna i bela, so odredeni detalji na crveno. Sega renovirame i bi sakala vo nekoi takvi kombinacii da ja napravam dnevnata i kujnata , zatoa sto se povrzani.
valona е офлајн   Одговор со цитат
Старо 21-11-2008, 02:28 PM   #27
Trajanka
Moderator
 
 
Зачленет: Tue Feb 2008
Мислења: 24,983
Зададено Боите во домот

убава идеја е тоа , и јас ги обожавам тие бои ... поготово црвената ...
__________________
Бурата прави дабовите да имаат подлабоки корења !!!
Trajanka е офлајн   Одговор со цитат
Старо 03-01-2009, 08:45 PM   #28
Dylan Dog
Moderator
 
 
Зачленет: Mon Jul 2008
Мислења: 14,020
Зададено Боите во домот

Дома сите ѕидови ни се во бела боја, а во иднина сакам да сменам некоја нежна нијанса можеби на праска
__________________
Секој човек е свој крал !
Dylan Dog е офлајн   Одговор со цитат
Старо 04-01-2009, 03:17 AM   #29
Trajanka
Moderator
 
 
Зачленет: Tue Feb 2008
Мислења: 24,983
Зададено Боите во домот

еиии праска боја , од каде па баш таа .. крем , шампањ некоја боље е
__________________
Бурата прави дабовите да имаат подлабоки корења !!!
Trajanka е офлајн   Одговор со цитат
Старо 04-01-2009, 07:50 AM   #30
Dylan Dog
Moderator
 
 
Зачленет: Mon Jul 2008
Мислења: 14,020
Зададено Боите во домот

на надворешно мислев праска, види ја ти неа , внатре се пикнала
Инаку убаво изгледа во две нијанси ѕидот кога е, долу посветлата, горе потемна нијанса
__________________
Секој човек е свој крал !
Dylan Dog е офлајн   Одговор со цитат
Старо 04-01-2009, 12:56 PM   #31
Trajanka
Moderator
 
 
Зачленет: Tue Feb 2008
Мислења: 24,983
Зададено Боите во домот

како во две бои и обично иде потемната доле , посветлата горе ... и дава посебен изглед на собата
__________________
Бурата прави дабовите да имаат подлабоки корења !!!
Trajanka е офлајн   Одговор со цитат
Старо 04-01-2009, 01:53 PM   #32
Dylan Dog
Moderator
 
 
Зачленет: Mon Jul 2008
Мислења: 14,020
Зададено Боите во домот

не е точно, посветлата долу, потемната горе..кога ќе најдам слика ќе видиш
__________________
Секој човек е свој крал !
Dylan Dog е офлајн   Одговор со цитат
Старо 04-01-2009, 03:01 PM   #33
Trajanka
Moderator
 
 
Зачленет: Tue Feb 2008
Мислења: 24,983
Зададено Боите во домот

баш сакам да видам , стави слика
__________________
Бурата прави дабовите да имаат подлабоки корења !!!
Trajanka е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-04-2009, 03:41 PM   #34
Trajanka
Moderator
 
 
Зачленет: Tue Feb 2008
Мислења: 24,983
Зададено Re: Боите во домот

сеуште се мислам како да ја офарбам мојата соба ...
повеќе опции имам ...
во игра се црвената и жолтата боја ...
или све црвено , или све жолто ... или па комбинација на двете бои ... еден жолт ѕид еден црвен ...
проблемот е што собата се наоѓа на север и е прилично неоствелена од природна светлина ... така да можно е да се затемни скроз ако исфарбам на црвено (нешто темно црвено ми е замислата)
__________________
Бурата прави дабовите да имаат подлабоки корења !!!
Trajanka е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-04-2009, 03:51 PM   #35
kelaf
Moderator
 
 
Зачленет: Sat Nov 2007
Локација: Skopje -N.Lisice
Мислења: 4,701
Зададено Re: Боите во домот

ми бесе бел али од кога процрте керкакми некој делови се шарени
kelaf е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-04-2009, 07:40 PM   #36
Morbid
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Jul 2008
Мислења: 4,250
Зададено Re: Боите во домот

Цитат:
Напишано од trajanka Види го мислењето
сеуште се мислам како да ја офарбам мојата соба ...
повеќе опции имам ...
во игра се црвената и жолтата боја ...
или све црвено , или све жолто ... или па комбинација на двете бои ... еден жолт ѕид еден црвен ...
проблемот е што собата се наоѓа на север и е прилично неоствелена од природна светлина ... така да можно е да се затемни скроз ако исфарбам на црвено (нешто темно црвено ми е замислата)
гледај да не се затемни многу.ако веке толку сакаш црвено исфарбај некој ѕид само гледај да не е оној ѕид што е спроти прозорецот
или пак на црвената боја можеш да направиш некои апстрактни слики (или пак да направиш жолти ѕвездички што според мене се малку кич)
__________________
.
Morbid е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-04-2009, 08:21 PM   #37
Trajanka
Moderator
 
 
Зачленет: Tue Feb 2008
Мислења: 24,983
Зададено Re: Боите во домот

да да супер идеја е оваа морбс фала ... за сликите имам три мои што сама ги насликав ... совршено ке се совпаднат ...
тенкјуууууууууууууууууу :***************
__________________
Бурата прави дабовите да имаат подлабоки корења !!!
Trajanka е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-04-2009, 08:23 PM   #38
Morbid
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Jul 2008
Мислења: 4,250
Зададено Re: Боите во домот

чекам ти да дојдеш на кафенце па после ја ке дојдам да видам
__________________
.
Morbid е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-04-2009, 08:29 PM   #39
Trajanka
Moderator
 
 
Зачленет: Tue Feb 2008
Мислења: 24,983
Зададено Re: Боите во домот

охххх , ајде во пп ... да не чатаме ...
__________________
Бурата прави дабовите да имаат подлабоки корења !!!
Trajanka е офлајн   Одговор со цитат
Старо 02-05-2009, 11:48 PM   #40
узо
Administrator
 
 
Зачленет: Tue May 2007
Мислења: 46,940
Зададено Re: Боите во домот

тац црвената боја не се препорачува ,ги заморува очите
__________________
сакам да сум она што бев , кога сакав да бидам она што сум
узо е офлајн   Одговор со цитат
Одговор

Алатки за тема

Правила на пишување
Ти не можеш да отвораш нови теми
Ти не можеш да одговараш на постови
Ти не можеш да постираш додатоци
Ти не можеш да ги едитираш твоите постови

BB кодот е вклучен/и
Смешковците се вклучен/и
[IMG] кодот е вклучен/и
HTML кодот е исклучен/и

Скокни до форум


Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 08:56 AM.
Copyright ©2006 - 2014, Taratur.com