Таратур Форуми
Почетна | За нас | Контактирајте не
 
Quick Member Login:
Forgot password?
Forum Statistics:
Forum Members:
Total Threads:
Total Posts:


There are users
currently browsing forums.
You don't appear to be registered. Click here to register
Search the forums:

Таратур Форуми » Живот » Таратур меана » Рецепти за десерти : колачи, торти

Одговор
 
Алатки за тема
Старо 26-06-2008, 07:30 PM   #41
emy
Senior Member
 
Зачленет: Thu May 2008
Мислења: 588
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

eve i od mene eden ubav ovosen kolac!!6 jajca se matat so 18 laz seker 18 laz vrela voda,18 laz brasno i pola pecivo se pece na 200 okolu 25 min i se ostava da se oladi testoto.fil::700 ml voda se stava da zovrie so 300 gr seker.vo nea se stavaat lupeni i seckani na parcinja praski visni ili drugo ovosje vo vodata da se svarat i se vadat vo sad.vo taa voda se varat dva pudinga od vanila.na ladnoto testo se istura pudingot i se stavaat praskite.odozgora moze da se stavi i slag krema.se stava vo frizz!! bon apetit!!
__________________
sto mozes denes ne ostavaj za utre!
emy е офлајн   Одговор со цитат
Старо 27-06-2008, 09:56 AM   #42
jok4e
Senior Member
 
Зачленет: Mon Mar 2008
Мислења: 427
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

Дајте некој добар рецепт за торта со бисквити (и банани)
jok4e е офлајн   Одговор со цитат
Старо 27-06-2008, 03:49 PM   #43
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

Цитат:
Напишано од jok4e
Дајте некој добар рецепт за торта со бисквити (и банани)
ако јадеш пудинг еве ти една на брзина

Торта со банани

500 гр. бисквити
200мл сок или од праска или од банана
1 кг банани
2 пудинзи или од ванила или од банана
500 мл млеко
150гр. путер

ги вариш пудинзите во 500 мл млеко со шеќер како што пишува на ќесичката
оставаш малку да се излади, ама само малку
го ставаш путерот внатре и мешаш да се стопи
кога ќе се стопи со проѕирна фолија го притискаш пудингот да направиш вакуум
значи директно на смесата
не тенџерето одозгора да го виткаш
кога ќе излади извадија фолијата
финтата е да нема коричка
*
бисквитите ги ставаш во сокот и редиш
ред бисквити
ред крем
ред банани
и така до крај
одозгора шлаг пена
*
некогаш мешам 1 пудинг ванила 1 чоколадо и редам ситно чоколадо

имам уште една ама немам време за неа сега
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-06-2008, 10:11 AM   #44
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

Јокче проба да ја направиш тортава?
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-06-2008, 01:20 PM   #45
jok4e
Senior Member
 
Зачленет: Mon Mar 2008
Мислења: 427
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

Oд сабајле бев да купам се што ми треба и ке ја правам да одморам малку само.

Денес на маж ми му е роденден и таа е за него само сака таква торта а една друга веќе направив и замрзанав.
jok4e е офлајн   Одговор со цитат
Старо 10-07-2008, 12:36 PM   #46
Lilith
Administrator
 
 
Зачленет: Mon Sep 2006
Локација: Constelation of Pegasus
Мислења: 19,056
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

вкусно,вкусно нема што,само кој да се тегави.... ај ќе му се канам на некој на гости ак прави нешто вакво
__________________
>> I've grown certain that the root of all fear is that we've been forced to deny who we are. <<

Frances Moore Lappé


Lilith е офлајн   Одговор со цитат
Старо 10-07-2008, 06:57 PM   #47
~Tattoo Beauty~
Senior Member
 
Зачленет: Mon Jan 2007
Мислења: 3,573
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

уууууууу ова морам да пробам со афиночиња
~Tattoo Beauty~ е офлајн   Одговор со цитат
Старо 18-09-2008, 01:44 PM   #48
arabela
Moderator
 
 
Зачленет: Wed Apr 2008
Локација: Венера
Мислења: 13,101
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

еве еден рецепт за торта...вчера ја правев,многу брза и лесна

Ресана торта
7 пакетчиња ресани(од тие по 115 гр.)
300 гр.ораси сецкани или мелени(кој како сака)
малку млеко,
една коцка маргарин,200 гр.чоколадо за готвење.
Се сецкаат ресаните на парчиња,се додаваат орасите,маргаринот,претход но изматен убаво,и млеко малку колку да се соедини смесата..се формира како ролат и се прелива со глазура од чоколадо(200 гр.чокол.за готвење со 2 лажици млеко и 2 лажици шеќер)....и добар апетит
__________________
Verba volant, scripta manent...
arabela е офлајн   Одговор со цитат
Старо 18-09-2008, 10:45 PM   #49
Trajanka
Moderator
 
 
Зачленет: Tue Feb 2008
Мислења: 24,983
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

наистина брза и лесна рецепта ... ти благодарам Арабела ...

Еве и една од мене , само со бисквити исто така лесна (премногу лесна) и хопла

се мати блага хопла(слатка павлака) 500 мл.
и едно пакетче бисквити околу 500 гр...
се реди ред бисквити ред хопла ...
кога ке се нареди се едно врз друго ... мое да се украси со што ви душа сака ...
само мора да отстои малку во фриз да се стврдне смесата убаво ...
__________________
Бурата прави дабовите да имаат подлабоки корења !!!
Trajanka е офлајн   Одговор со цитат
Старо 19-09-2008, 10:57 AM   #50
arabela
Moderator
 
 
Зачленет: Wed Apr 2008
Локација: Венера
Мислења: 13,101
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

ја правам и таа тацке,само бисквитите ги топам пред да ги редам во капучино
__________________
Verba volant, scripta manent...
arabela е офлајн   Одговор со цитат
Старо 20-09-2008, 09:23 AM   #51
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

Арабела може со путер ова така? не мора маргарин?
и да ставајте наслови на рецептиве
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 20-09-2008, 09:47 AM   #52
arabela
Moderator
 
 
Зачленет: Wed Apr 2008
Локација: Венера
Мислења: 13,101
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

Цитат:
Напишано од Arkana10
Арабела може со путер ова така? не мора маргарин?
и да ставајте наслови на рецептиве
може,уште подобро е со путер..
наслов на тортата-Ресана торта-
__________________
Verba volant, scripta manent...
arabela е офлајн   Одговор со цитат
Старо 20-09-2008, 09:51 AM   #53
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

фала, оти не милувам маргарин многу
*
сега ќе го ставам насловот
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 23-09-2008, 02:12 PM   #54
isidora
Senior Member
 
Зачленет: Fri Sep 2008
Мислења: 429
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

Иако не јадам благо ама кога ке ги направам овие срценца немозам да не каснам
Се викаат кадифени срца
Потребно е-75гр путер,200гр мед,100гр шекер,1 јајце,40гр какао,400гр брашно,1/2 лажицки цимет во прав,малку рендано морско оревче,2,лажици прашок за пециво,2 лажици џем от сливи (а мозе и по вкус)
За глазурата-200гр чоколадо и 80гр путер
Путерот медот и шекерот се загреваат на тивок оган додека не се стопат,во смесата се додава изматеното јајце,какаото и брасното измесано со циметот морското оревче и прашокот за пециво.От сето тоа се замесува тесто и се остава да отстои 60 мин во фрижидер,потоа от тестото се прави поголема кора,па со калапциња во вит на срце се сече тестото.Срцињата се пецат во рерна загреана на 170 степени.Иоткако ке се испечат и изладат,се потопуваат во глазурата от чоколадо и се редат на решетка.Откако глазурата ке се стеге две по две срца лепете ги со џемот от сливи.
Мозеби се малку комплицирани ама се многу вкусни пробајте ќе видите
isidora е офлајн   Одговор со цитат
Старо 27-09-2008, 11:07 AM   #55
Lilith
Administrator
 
 
Зачленет: Mon Sep 2006
Локација: Constelation of Pegasus
Мислења: 19,056
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

немам рецепти ама имам фотки од некои уметнички торти што ги работи пријателка која премногу глеа Тим Бартон филмови/цртани
__________________
>> I've grown certain that the root of all fear is that we've been forced to deny who we are. <<

Frances Moore Lappé


Lilith е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-09-2008, 09:53 AM   #56
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

браво
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 30-09-2008, 07:19 PM   #57
Morbid
Moderator
 
 
Зачленет: Thu Jul 2008
Мислења: 4,250
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

иии закон фотки лилит
***
Еве една многу лесна торта .Денес првпат ја правев и супер излезе.Веќе ја изедовме
Куглоф торта
5 јајца
2 чаши шеќер
Овие заедно се матат убаво а потоа се додава:
1 чаша зејтин
1 чаша сок од портокал
малку рендана кора од лимон(по желба е ова.Јас неставам и пак убаво испаѓа)
1пециво
2 чаши брашно

Се става пола тесто во куглофот а во другата половина се додава какао.Смесата со како се става во куглофот и потоа се пече на 180 степени / 40-50 минути
__________________
.
Morbid е офлајн   Одговор со цитат
Старо 01-10-2008, 01:28 AM   #58
nale
Senior Member
 
 
Зачленет: Wed Apr 2008
Локација: Домче
Мислења: 7,051
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

БАЈАДЕРА ТОРТА

1 магарин(путер) се мати со 200гр шекер во прав
7 белки се матат убаво со 150 гр шекер
7 жолчки се амтат со 1 ванила
Сето се меша убаво да се соедини но не со миксер.Во смесата се додава- 20 лажици мелени бисквити, 100 гр мелени ореви, 100 гр мелени лешници и 100 гр мелени бадеми
Оваа смеса се дели на два дела.Во едниот дел се става 100 гр. чокпладо растопено на пареа.
Се реди во калап наизменично( црн-бел дел)
по желба може да се премачка со слаг или глазура од чоколадо
nale е офлајн   Одговор со цитат
Старо 03-10-2008, 10:36 AM   #59
Arkana10
Administrator
 
 
Зачленет: Mon May 2006
Мислења: 11,909
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

само си ги препишувам рецептиве и чекам слободно време да се удрам на дебелеење
__________________
Зошто и што бојкотирам - клик
***
Bene Gesserit
Arkana10 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 06-10-2008, 06:06 PM   #60
Trajanka
Moderator
 
 
Зачленет: Tue Feb 2008
Мислења: 24,983
Зададено Рецепти за десерти : колачи, торти

Ви благодарам за рецептите ...
__________________
Бурата прави дабовите да имаат подлабоки корења !!!
Trajanka е офлајн   Одговор со цитат
Одговор

Алатки за тема

Правила на пишување
Ти не можеш да отвораш нови теми
Ти не можеш да одговараш на постови
Ти не можеш да постираш додатоци
Ти не можеш да ги едитираш твоите постови

BB кодот е вклучен/и
Смешковците се вклучен/и
[IMG] кодот е вклучен/и
HTML кодот е исклучен/и

Скокни до форум


Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 04:02 PM.
Copyright ©2006 - 2014, Taratur.com